Припадници на ИД киднапираа христијани во Либија

Група исламски екстремисти, за кои се претпоставува дека се припадници на либискиот огранок на џихадистичката група Исламска држава (ИД), киднапираа тројца христијани по потекло од африканските земји, јави ТАСС.

Исламистите преку еден интернет сајт соопштија дека киднапирале „тројца христијани во Источна Либија“.

Според египетскиот весник „Ал Ахрам“, тројцата киднапирани се државјани на Египет, Нигерија и Гана.

Киднапирањето го потврди и портпаролот на либанската Армија, Мохамед ел Хаџази, кој нагласи дека тројцата христијани исчезнале во реонот на градот Сирт.

Кон крајот на минатата година, огранокот на ИД во Либија во реонот на Сурт киднапира 21 египетски хриситјани Копти, по што во февруари објави видео запис од нивната ликвидација.