Припадници на ИСИС го убиле судијата кој го осуди на смрт Садам Хусеин

Припадниците на ИСИС во Ирак тврдат дека го заробиле и убиле судијата кој го осуди на смрт со бесење поранешниот ирачки лидер, Садам Хусеин.

Раоуф Абдул Рахман го осуди Садам Хусеин на смрт со бесење во 2006-та година, а припадниците на ИСИС го убија во знак на одмазда.

Ирачката влада се уште службено ја нема потврдено неговата смрт, но државните функционери ја потврдија веста за неговото киднапирање минатата недела.