Свет

Припадници на криминална банда соборија хеликоптер во Мексико

Припадници на криминална банда соборија хеликоптер во Мексико

Припадници на криминална банда соборија полициски хеликоптер за време на судир со полицијата во западно Мексико, при што загинаа четири лица, соопштија денеска локалните власти.

Полициската операција е спроведена во градот Апатсинган во сојузната држава Мичоакан со цел да се фати лидерот на криминалната групација, објави на Твитер гувернерот на Мичоакан, Силвано Ауреолес.

Во падот на хеликоптерот загинаа пилотот и тројца полицајци, додека уште еден полицаец е повреден, додаде Aуреолес.

Засега не е познатo која криминална група е одговорна за соборување на леталото.