Припадниците на ИСИС фрлија од покрив уште тројца хомосексуалци

На сликите се гледаат луѓе со врзани очи како клечат во центарот на кругот, додека крај нив стои маскиран убиец со долг, зарѓан меч, а околу нив група на набљудувачи.

Џихадистите на Исламската држава на северот на Ирак јавно погубија тројца мажи, од кои двајца поради наводно хомосексуални активности. Сликите денеска на друштвените мрежи ги делат симпатизери на ИД.

Припадниците на Исламската држава, која контролира голем дел од подрачјето на Ирак и Сирија, извршија до сега стотина погубувања, од кои многу од нив биле фотографирани или снимени со видео – камера.

Најновите фотографии не го прикажуваат самиот чин на отсекување на главата, а нивната автентичност не може независно да се потврди.

Сепак на сликите се гледаат луѓе со заврзани очи како клечат во центарот на кругот, додека крај нив стои маскиран убиец со долг, зарѓан меч, а околу нив група на набљудувачи.

Под фотографијата пишува дека тројцата заробеници се погубени, од кои двајца поради хомосексуалност, а третиот поради богохулие.

Погубувањето наводно е извршено во ирачката провинција Ниневех, која прва падна пред налето на џихадистите во офанзива која беше покрената минатиот јуни, но точната локација не е наведена.