Припадниците на Исламската држава соборија уште еден хеликоптер во Ирак

Ирачки официјални лицa во Багдад соопштија денеска дека припадниците на Исламската држава ИС соборија ирачки воен хеликоптер во близина на рафинеријата во градот Беиџи, кога загинаа двајца пилоти.

Официјалните лица од воената авијација соопштија дека екстремистите употребиле рачни фрлачи за да го соборат хеликоптерот Бел 407.

Во Беиџи кој се наоѓа околу 200 км северно од ирачката претстолнина, се наоѓа најголемата рафинерија на нафта.
Ова е втор хеликоптер кој припадниците на ИС го собориле во близина на Беиџи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.