Припадниците на овој хороскопски знак се мајстори за љубоморни сцени

Верноста на овој хороскопски знак ќе ве освои на почеток. Скорпиите се едноставно најдобри пријатели за цел живот.

Никогаш нема да ги издадат вашите тајни и ќе ви бидат верни. Идеални се за различни глупости, а со нив ќе се чувствувате повторно млади, затоа што се енергични без оглед на годините. Ценат се што правите за нив и тоа никогаш нема да ви го заборават.

Ќе ви дадат искрени совети – од кариерата до изгледот. Со нив ниту една тема не е табу. На овој знак можете да му ги кажете сите тајни, но и скриените фантазии. Скорпиите се подготвени за се да говорат отворено и никогаш нема да ве осудуваат.

Сепак Скорпиите може да бидат прилично незгодни кога е во прашање љубомората. Може да направат екстремно љубоморни сцени. И не дамо што станува збор за љубомората што создава неподносливо пецкање во желудникот, туку е вклучена и играта на страстите и возбудувањата.

Љубомората на Скорпиите поинекогаш, без разлика дали признаваат или не, им доаѓа како афродизијак. Во состојба се да направат сцена каква што ниту Тарантино не би можел да замисли во неговото сценарио.

Најголеми доблести им е страста во се што прават, понатаму снаодливоста, храброста и искреното пријателство, додека слабостите им се подеднакво изразени како и доблестите во вид на љубомора, недоверливост, тајновитост и зајадливост.