Припадник на ИСИЛ се оженил со 7 годишно девојче

Фотографијата од насмеаниот припадник на Исламската држава во Ирак и Левант (ИСИЛ) како гушка расплакано седумгодишно девојче се појави на Твитер со коментар дека станува збор за венчавка меѓу нив.

Познато е дека на Блискиот исток главно присилно, малолетни девојчиња се мажат со возрасни мажи.

Од друга страна, ИСИЛ е познат по бруталнста од секој вид, но се појавија деманти на оваа приказна дека воопшто не станува збор за венчавка, туку за рекламен спот на ИСИЛ.

Се тврди дека на него е еден борец кој се вика Абу Вакас, и дека со себе има 9-годишно девојче, кое исто така е муслиманка која рецитира делови од Куранот пред публика, но се збунила, па тој ја гушнал за да ја охрабри.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.