Магазин

Природен, а можен лек кој го јакне имунитетот

Природен, а можен лек кој го јакне имунитетот

Шипката е позната како природен лек кој помага во лекувањето на разни болести. Ова темноцрвено овошје се вбројува меѓу најдрагоцените билки, бидејќи изобилува со витамини, минерали и други органски соединенија.

Дали сте знаеле дека шипката во себе содржи витамин Ц, А, Е, Б комплекс, калиум, селен, манган, магнезиум калциум, фосфор, сумфур, силициум и цинк. Импресивно, зар не? Покрај горенаведеното, ова овошје во себе има и пектин, бетакаротен и лутеин, кои исто така се од висока важност за вашето здравје.

Превенцијата во борбата со ракот и хроничните болести: Шипката е позната и како силен антиоксиданс кој помага во ослободувањето на тешките радикали од организмот. На сите ни е познато дека штетните материи влијаат негативно врз здравите клетки.

Недостатокот на антиоксиданси во организмот, доведува до зголемен ризик од можна појава на разни заболувања, како што се срцеви заболувања, прерано стареење и канцер.

Антиоксидансите кои во себе ги има шипката се особено значајни во превенцијата бидејќи вашиот организам го оддржуваат здрав од секој агол.