Природен афродизијак што го подобрува помнењето

Истражувањата спроведени на Универзитетот во Единбург во Шкотска покажаа покачено ниво на тестостеронот кај мажите и жените што во период од 14 дена конзумирале по една чаша сок од калинка.

Калинката е одличен извор на витамин Ц и на антиоксиданси и неговото конзумирање очигледно го зголемува либидото.

Во студијата учествувале 58 испитаници на возраст помеѓу 21 и 64 години, а конзумирањето на сокот на калинката покажа добри резултати кај сите испитаници.

Кај нив за време на испитувањето можел да се воочи значаен пораст на нивото на тестостеронот, кој покрај тоа што има ефект врз либидото, исто така има и позитивно дејство врз јакнењето на коскикте и мускулите.

Покрај тоа испитаниците навеле дека биле подобро расположени, дека полесно се соочувале со стресните ситуации и дека помнењето им се подобрило.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.