Приштина испитува поврзаност на Косовци со терористи од Сирија

Специјалното јавно обвинителство на Косово води истрага за 11 случаи на врски со терористички организации од Сирија и за 23 случаи на воени злосотрства, соопшти косовскиот јавен обвинител Севдие Морина, пренесе МИА.

Гостувајќи во емисија на Радиотелевизија Косово, Морина нагласи дека Обвинителството разгледува 11 случаи на врски на Косовци со терористички исламистички организиции кои се вклучни во конфликтот во Сирија, како што се Исламската држава во Ирак и Левантот и сирискиот огранок на Ал Каеда, Фронтот Ал Нусра.

Таа потенцира дека Обвинителство со посебно внимание ги следи случаите на млади Косовци кои во последно време се почесто заминуваат во Сирија, каде се приклучуваат кон разни терористички организации.

Покрај ова, според Морина, Обвинителството води истрага и против 23 косовски Албанци за кои постои сомнеж дека извршиле воени злостроства за време на конфликтот во Косово.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.