Прислушкување низ светот – странски служби прислушкувале во туѓи земји преку домашни инсталации и логистики

Прислушкувањето и работата на странските разузнавачки служби во туѓи земји користејќи домашни инсталации и логистики преку најсовремени технологии преставува чест пример. Норвешка, САД, Русија, Германија,  Велика Британија и најсвежиот премиер, Грција, се само дел од земјите каде има афери со прислушкување на тајни служби од други држави, пишува Република.мк.

Во Норвешка минатиот декември актуелен беше случајот со откривањето на работата на агентурна мрежа чија цел било прислушкување на политичкиот и општествен естаблишмент. Најважните институции во Осло се сместени во периметар од еден километер, канцеларијата на премиерот, министерството за одбрана, централната банка, пратениците, бизнис секторот, нафтениот трезор во вредност од 6 билиони норвешки круни. Токму во овој периметер некој инсталирал тајни трансмитери кој наликуваат и служат како мобилни базни станици и кои може да ги прислушкуваат сите активности и разговори преку мобилен телефон. Истовремено преку таа опрема која била инсталирана возможно било да се следи секој човек кој влегувал и излегувал од зградите, парламентот или владата и да се собираат значајни информации од смартфоните. Полицијата на Осло испрати соопштение во кое нагласи субјектите да внимаваат бидејќи е откриена таква опрема и многу веројатно е дека тие биле следени. Ваквите базни станици (IMSI-catchers) биле управувани од неколку згради во Осло, а вкупно биле пронајдени шест.

prislll

Норвешките медиуми пишуваат дека ваквата напредна технолошка опрема е многу скапа и се движи од неколку стотици илјади, па до два милиони и таков вид на опрема не може легално да се продаде на приватен субјект во било која држава членка на НАТО. Таков вид на опрема може да се користи единствено од разузнавачки служби, односно многу веројатно е дека се работи за друга држава и потрагата на која служба и инсталација стои зад ваквиот упад во Осло е главната дебата. Станиците се мобилни, и може да следат илјадници комуникации.

И во Грција беше обелоденет сличен случај. Минатата недела сомнителни активности и траги од прислушкување се лоцирани во областа каде се наоѓаат седиштата на Сириза и Неа демократија нешто за што пишува Та неа. Мобилните телефони биле под надзор на лажни базни станици, инцидент кој е сличен на случајот со Норвешка. Со уредот Криптифон 500 се откриени разговори кој се следени, а шемата е иста како и Норвешката преку лажни базни станици. Само организации со силни ресурни се во можност да ангажираат вакви лица иопрема. Иако имало информации дека грчкото обвинителство наредило итна истрага, Та неа известува дека сомнителните настани биле премолчени.

prisllll_2

Се сеќаваме на Сноуден аферата. Едвард Сноуден е поранешен вработен во ЦИА кој предизвика контраверзии кога во јавноста изнесе тајни документи кои покажале дека постојат голем број на тајни проекти за надгледување и следење комуникации како на  PRISM и Baundles informant. И документи кои покажуваат дека САД спровеле хакерски напади врз компјутери ширум светот. Сноуден документите им ги предал на медиумите во 2013, а во октомври истата година Сноуден објави документи дека тајните служби на САД го прислушкувале и мобилниот телефон на германската канцеларка Меркел во период поголем од 10 години. По покревањето на овој скандал Германија протера службеник на ЦИА од нивната земја.

И Русија не беше заобиколена од афера со прислушкување. Русија минатиот ноември протера неколку полски и германски шпоуни кои ги обвини за шпионажа и разузнавачка дејност на туѓи територија.  Англија уапси шест новинари поради прислушкување на приватни разговори.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.