Пристига ретроградниот Марс: Скандали, афери, кавги и болести кон крајот на април

Во следните месеци треба да внимавате на агресивноста, потиснатите страсти, нервозата, на кавгите и конфликтите, на воспаленијата и повредите.

Кон средината на април 2016-тата година не очекува голем тригон во земјените знаци: Меркур е на средината на Бик, Јупитер на средината на Девица и Плутон на средината на Јарец.

Исто така, во втората половина на април 2016-тата три планети ќе почнат да се движат ретроградно (Марс, Плутон, Меркур) и кои што од нас во следниот париод ќе бараат трпение, дистанцирање, самоанализа… Ова движење најмногу ќе го почувствуваат припадниците на знаците Рак, Јарец и Скорпија, кои што во следните неколку месеци ги очекува внатрешно патување. Здравствените проблеми и натаму ќе бидат актуелни овој месец.

Ретроградно движење е привидно движење на планетите наназад. Тоа настанува поради различната брзина на движењето на Земјата и другите планети. Запомнете дека само Сонцето и Месечината не можат да бидат во ретроградно движење.

На Марс најтешко му паѓа да биде ретрограден затоа што тој сам по себе е иницијатор, двигател па во следните месеци треба да внимавате на агресивноста, на потиснатите страсти, нервозата, на кавгите и конфликтите, на воспаленијата и повредите за време на физичката работа.

Ретроградниот Марс ги враќа старите љубови, но ни носи и прељуба или неверства. Од друга страна, ова е добар период за самоанализа, вежба, терапија, медитација.

Оние што се храбри и креативни имаат прилика во првата половина на април да ја свртат ситуацијата во сопствена корист. Првата половина на април е одлична за сите нови почетоци и проекти.

Околу 17-ти април Марс ќе биде стациониран на 8-миот степен во Стрелец и ќе почне да се движи ретроградно. Ретроградниот Марс го намалува нивото на енергија и го враќа протокот на енергијата навнатре. Тоа често резултира со збунетост на личен план. Со оглед на тоа што на почетокот ќе биде во огнениот Стрелец, луѓето може да станат лути, импулсивни или нетрпеливи. Сега е време да забавите.

Освен тоа, околу 18-ти април Плутон ќе биде стациониран на 17-иот степен во Јарец и ќе почне да се движи ретроградно. Стационираниот Плутон ја обележува борбата за власт во корпоративниот свет, во владеењето во банкарскиот свет итн.

Ретроградниот Плутон и понатаму ќе „копа под земја“ што може да му се препише на Јарецот. Тој повторно ќе почне да се движи директно во септември 2016-тата година.

Околу 19-ти април Сонцето влегува во стабилниот и материјалистичен Бик, додека Венера на 17-иот степен ќе биде во квадрат со Плутон на 17-иот степен. Овие исклучително физички и материјалистички конфигурации може да бидат прилично силни и интензивни. Сега сигурноста доаѓа на прво место, но и нагласените страсти.

20-ти април ни носи некое разочарување. Ќе има проблеми поврзани со комуникацијата со другите. Исто така, треба да внимавате на предавствата. Здравствените проблеми исто така ќе бидат дел од настаните поврзани со овие влијанија.

Венера и Уран се во конјукција на 21-виот степен Овен, степен на имиграции, бродолом, присилно преселување, случајни или наместени несреќи, околу 22-ри април во периодот на полната Месечина.

Всушност оваа полна Месечина ќе биде Супер Месечина што може да резултира со некои екстремни временски услови.

Инаку Венера и Уран во конјукција се мошне возбудлив ефект што може да доведе до ненадејни (краткотрајни) средби, убави подароци, авантури.

Околу 24-ти април ќе мора да се соочиме со некои факти. Астролошките услови укажуваат на отрезнување. Некои од нас ќе почувствуваат помали тегоби и ограничувања.