Пристигна новиот трејлер за „50 нијанси сиво“

Слоганот на вториот дел од франшизата „Педесет нијанси“  гласи : Дали сте подготвени за нешто помрачно?

Колку ќе биде навистина мрачно во продолжението на приказната за Кристијан Греј и Анастасија Стил може да се насети и од трејлерот  кој трае 30 секунди и сцената во која господин Греј става маска на очите.

Филмот „Педесет нијанси – Помрачно“ е екранизација на истоимениот втор дел од популарната еротска трилогија која ја напиша Е. Л. Џејмс.

Дакота Џонсон и Џејми Дорнан ги толкуваа главните улоги во филмот “Педесет нијанси – Сиво”.

Продуцентите најавија дека “Педесет нијанси – Помрачно” и “Педесет нијанси – Ослободени” во кино салите ќе се пристигнат на 10-ти февруари во 2017-тата година и на 9-ти февруари во 2018-тата година.