среда, 23 август 2017  |  Вести денес: 30

Пристигнати 290 барања за субвенционирано купување печки на пелети

Овој проект е дел од мерките кои Градот Скопје ги презема заради подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух преку заеднички активности на локалната самоуправа и граѓаните.

Последни вести

На јавниот повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на град Скопје за купување печки на пелети кој заврши на 13.03.2017 година поднесени се вкупно 290 барања од граѓаните.

Комисијата за спроведување на постапката за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Град Скопје за купување печки на пелети е на терен и врши увид во документацијата и локациите каде што ќе бидат заменети старите печки на дрва, јаглен, нафта и мазут и ќе бидат поставени новите печки на пелети.

Овој проект е дел од мерките кои Градот Скопје ги презема заради подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух преку заеднички активности на локалната самоуправа и граѓаните.

На минатиот Јавен повик, кој беше објавен во 2016 година,  беа доделени 196 субвенции на граѓаните, за што беа издвоени 5.896.000 денари од Буџетот на Град Скопје. Поради големиот интерес кој го покажаа граѓаните за овој тип субвенции, во 2017 година во Буџетот на Град Скопје се предвидени 10 милиони денари.

Најчитани вести