Секс

Пристигнува „машка таблета“ за контрацепција

Пристигнува „машка таблета“ за контрацепција

Мажите во иднина ќе можат активно да учествуваат во контролата врз зачнувањето, без помош на презерватив.

Научниците развија васалгел, долготрајна и нехормонска форма на машка контрацепција, која делува на истиот начин како и хируршкиот зафат – вазектомија, само што во овој случај не се исклучува трајно можноста за оплодување.

„Машката таблета“ го блокира каналот низ кој семената течност поминува на патот од тестисите во пенисот. Васалгелот се вбризгува со инјекција директно во овој канал, со што се спречува излегувањето на сперматозоидите, исто како кај вазектомијата.

Доколку мажот кој ја користел ова таблета, сака повторно да има активна сперма, доволно е само да ја добие другата инјекција, која ќе го разгради гелот и ќе ја одблокира спермата. Оваа инјекција исто така се состои од полимерниот гел „рисуг“.

Васалгелот го смилсил индискиот научник Суџој Гуха, кој поминал 30 години разработувајќи ја оваа идеја. Фондацијата „Парсемус“, непрофитна организација која ги истражува ефтините пристапи во медицината, успешно го тестирала гелот врз глувци и зајци.

Лекот моментално е во фазата на тестирање врз примати. Исто така гелот се тестира врз бабуните кои имаат слична физиологија како и луѓето. Тројца бабуни веќе го примиле овој гел и биле преместени во кафези со петнаесет женки бабуни. По шестмесечена сексуална активност, ниту една женка не останала бремена, но пробниот период не е завршен. Научниците планираат по тестирањето да го извадат васелгелот и да утврдат дали семената течност на бабуните повторно ќе тече природно.

Фондацијата е уверена дека ќе успее да направи производ за луѓе наскоро. Доколку се биде како што треба васелгелот би се нашол во продажба во 2016. или 2017. година.

Лекарите сметаат дека инјекцијата ќе биде финансиски достапна за сите заинтересирани мажи, реверзибилна е и долготрајна, бидејќи ги „заспива“ активните сперматозоиди и до 10 години.