Пристигнува нагло заладување: Метеоролозите предупредуваат на промена од петок

Во текот на денешниот ден и утре иако ќе имаме нешто помирна атмосфера, сепак, особено во планинските региони, но и во оние населени места кои се во близина на планините ќе има локален развој на нестабилност проследена со краткораен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот а не се исклучува можноста и за редок град, особено утре , вели метеорологот Славо Попоски.

Темппературите на воздухот ќе се искачат во интервалот од 25 до 34 степени.

Во петок попладне на повеќе места ќе започне да дува засилен ветер со што од север ќе започне спуштање на значително посвежа воздушна маса, со што ќе дојде до дестабилизирање на атмосферата и ќе има локален развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можно е и локално невреме.

Од сабота нѐ очекува пад на температурите и истите ќе бидат значително под просекот за овој дел од годината.