Балкан

Пристигнувања и враќања: животот на Турско – сириската граница

Пристигнувања и враќања: животот на Турско – сириската граница

Таму нема струја, вода, нема живот таму. Ќе помине доста време пред да се вратам во мојот град. Ова се зборовите на 55-годишниот Сириец Халил Мохамед, кој влегол во Турција заедно со неговите 12 деца пред неколку дена, пренесува новинската агенција „Анадолија“.

Мохамед е само еден од илјадниците граѓани кои побегнаа од борбените дејствија во градот Тал Абад што се наоѓа во близина на границата.

Во Тал Абад во изминатитедве  недели се водеа борби помеѓу терористите и сириско-курдските борци, и сега градот е под контрола на Курдите.

Со прекинот на конфликтот во вторникот, стотици Сиријци повторно ја преминаа границата и се вратија во својата земја. Но голем број од нив се двоумат дали да останат или да си заминат, поради неизвесноста во нивната земја.

-Не верувам дека таму ќе има мир, конфликтот може да започне било кога, вели Мохамед и додава дека би сакал да остане во Турција за време на рамазанските пости и да има барем еден мирен месец.

Дел од тие што се враќаат во Сирија, велат дека ако ситуацијата повторно се влоши, пак ќе се вратат во Турција.

Талаф Егрувен кој поседува своја пилјара на 100 метри од граничниот премин Акчакале, примил кај себе сириско семсјтво кое побегнало пред три дена.

– Воопшто не ги познавам. Колку што гледам нивната ситуација е тешка и тие имаат потреби, па им ја дадов мојата соба. Јас не сум богат, и јас самиот го прехранувам сопственото семејство, но сметам дека е моја должност е ако имам една парче леб да го споделам со нив, вели Ергуван.

Инаку границата помеѓу Турција и Сирија изнесува околу 900 километри. Досега во Турција се засолниле околу 1,7 милиони Сиријсци, според ОН. Бројот на бегалците се повеќе се зголемува поради крвопролевањата во нивната земја.

Според властите, Турција потрошила повеќе од 6 милијарди долари досега за бегалците.