Приштина без вода поради страв од терористи

Приштина без вода поради страв од терористи

Снабдувањето со вода на Приштина беше прекинато по апсењето на пет лица во близина на езерото Бадовац во Косово кои се осомничени за вмешаност со терористичката група Исламска држава.

Според портпаролот на косовската полиција Баки Кељани, патролата вчера по полноќ сопрела „голф“ и „пасат“, а во автомобилите е пронајдено оружје и муниција, но и материјали кои укажуваат на припадност на Исламската држава. Косовските медиуми објавија дека се работи за косовски државјани.

Властите во Косово денеска го прекинаа снабдувањето со вода во главниот град, Приштина поради стравувањата дека терористичка ќелија поврзана со Исламска држава може да го контаминира езерото кое снабдува повеќе од половина град со вода.

– Регионална компанија за водата во Приштина соработува со косовската полиција и веднаш по добивањето на информациите во врска со апсењето на осомничените за тероризам блиску до езерото Бадовац, одлуката да се исклучи снабдувањето на водата на неопределено време беше донесена во соработка со Националниот институт за јавно здравје на Косово – изјави денеска портпаролот на Регионалното претпријатие за водоснабдување.

Ridvan-Hacifi-620x350