Притисок врз гласачи во Новаци, делење поткуп во Могила

Активисти на СДСМ од Битола со поддршка на полицијата вршат притисок врз гласачите од Новаци.

За притисокот да биде поголем, во придружба на полицијата и активистите се припадници на „Алфите“, како и директорот на затворот.

Гласачите на Могила исто така се жртви на уцени и притисок. Дополнително, во оваа општина се врши и директен поткуп, каде на гласачите им се даваат одредени суми на парични средства за да го дадат својот глас за кандидатот на СДСМ. Поткуп на гласачи има пред училиштето во кое се лоцирани избирачките места.