Македонија,Крими хроника

Притвор за полски државјанин: Фатен на граница со украдено возило

Притвор за полски државјанин: Фатен на граница со украдено возило

Осумдневен притвор заработи полски државјанин. Со украдено возило се обидел да излезе од Република Македонија.

Вчера во 09.05 часот на граничниот премин Св.Наум, за излез од Р.Македонија се пријавило патничко моторно возило “Шкода Фаворит“ со охридски регистарски ознаки управувано од полскиот државјанин З.Х.(51).

При извршената гранична проверка било утврдено дека возилото е сопственост на Љ.С.(62) од село Елшани–Охрид, а странскиот државјанин не поседувал Одобрение за управување туѓо возило и Меѓународно осигурување (зелен картон).

Поради основи на сомнение дека се работи за кривично дело „кражба на моторно возило“, полскиот државјанин бил лишен од слобода и приведен во полициска станица.

Во возилото биле пронајдени лични документи на К.С.(39) од Елшани-Охрид. Со истиот бил обавен разговор, при што потврдил дека горенаведеното возило е украдено.

Полскиот државјанин и возилото се задржани во полициската станица и истиот е изведен пред недлежен судија при што му е одредена мерка притвор во траење од 8 дена.