30 дена притвор за уапсените во акцијата „Ќелија“

30 дена притвор за уапсените во акцијата „Ќелија“
30 дена притвор за уапсените во акцијата „Ќелија“

Деветтемина уапсени во акцијата „Ќелија“, добија притвор од 30 дена.

Од Основниот суд Скопје 1 информираат дека во текот на денот, пред судија на претходна постапка од специјализираното Одделение за организиран криминал и корупција беа доведени 9 лица со предлог од Основното јавно обвинителство за органиран криминал и корупција за определување мерка притвор кој опфаќа вкупно 36 лица, поради основано сомнение за кривичното дело „Учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“ од член 322-а од КЗ, опфатено по повеќе основи во неколку ставови од истиот член како и Предлог за определување на мерката притвор за сите 36 лица.

Судија на претходна постапка по разгледување на фактите и доказите кои беа предложени од обвинителството заедно со Предлогот за определување на мерката притвор и по сослушување на приведените во присуство на нивните бранители по предлогот на Јавното обвинителство оцени дека се исполнети условите кои произлегуваат од одредбите на Законот за кривичната постапка за определување на мерка притвор и на 9 лица им одреди мерка притвор во траење од 30 дена“, стои во соопштението од судот.

Уапсени 9 лица кои регрутирале борци за во Ирак и Сирија

Уапсени 9 лица кои регрутирале борци за во Ирак и Сирија

Во акцијата „Ќелија“ спроведена во 3:30 по полноќ полицијата уапси девет лица, а над дваесет се осомничени за учество во војните во Сирија и Ирак, како и за регрутација на борци за овие боишта.

Прибирањето материјални докази за македонски државјани кои учествувале во странски војни МВР го спроведувало од септемрви 2014. до  јули оваа година.

Во акцијата извршени се дваесет и осум претреси во Скопје, Гостивар, Струга и Куманово, кај дваесет и четири лица, како и четири објекти меѓу кои придружен објект на Тутунсус џамијата, невладини објекти и интернет – кафе.

Уапсен имам- идеолог на исламскиот фундаментализам

Во акцијата е уапсен и имамот на џамијата Тутунсус, за кој се смета дека е еден од идеолозите, а неговата активност во процесот на регрутација дополнително ќе се утврдува.

 

Поврзани вести:

Македонец кој се борел во Сирија меѓу уапсените во акцијата „Ќелија“