Крими хроника

Притвор за две лица дилери на дрога

Притвор за две лица дилери на дрога
Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во текот на вчерашниот ден донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против две лица на кои им се става на товар дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл. 215 од Кривичниот законик.

Во исто време до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1- Скопје, предложи мерка- Притвор.

Осомничените, со различни возила во четвртокот ден биле пресретнати на магистралниот пат Ресен – Охрид. Кај осомничениот Б.Д. кој го управувал патничкото моторно возило марка „опел зафира“ со гевгелиски регистарски таблички, биле пронајдени 29,725 кг наркотична дрога – марихуана, додека осомничениот М.А. – поранешен полицаец со патничко моторно возило „пежо 607“ со гевгелиски регистарски таблички бил во улога на чистач на патот.

Осомничените организирале мрежа на препродавачи и дистрибутери на наркотична дрога со НН лица од Република Албанија. Дрогата требало да ја преземе лице од Албанија и истата да ја дистрибуира од Охрид преку Градско до Велес.

Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и со решение на осомничените им определи мерка – Притвор во траење од 30 дена.