Притвор за кавадарчанец кој претепа сограѓанин до смрт

Притвор и кривична за убиство за кавадарчанец кој до смрт претепа сограѓанин на крајот на месецот.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека на 30 декември 31-годишниот М.Ј. од Кавадарци до смрт го претепал една година постариот Д.Д.

Насилникот со тупаници го удирал Д.Д. во пределот на главата и телото. Повредениот им подлегнал на здобиените повреди.

Од страна на судија на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.