Притвор за мајка која го треснала бебето од земја

Притвор од 30 дена добила 30-годишната скопјанка А.Х. за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање малолетно дете“, соопшти МВР.

Мајката му нанела повреди на своето 19-месечно дете удирајќи го по телото и главата од што детето добило потрес на мозокот на 31 август 2016 околу 18 часот на ул. Аминта Трети во Скопје.

А.Х. почнала вербална расправија со нејзината свекрва и потоа, во еден момент, го зела нејзиното 19-месечно дете и почнала физички да го малтретира, удирајќи го со раце во пределот на главата и телото по што во еден момент го кренала високо и го фрлила на земја, соопшти МВР.

Случаен минувач го пријавил настанот во СВР Скопје, по што веднаш интервенирала полицијата. Била известена и Итната медицинска помош која детето го однела во Детската клиника, а подоцна било пренесено на Клиниката за неврохирургија каде специјалист неврохирург констатирал дека има нагмечување на главата и потрес на мозокот.

А.Х. била приведена во полициска станица каде ги појаснила околностите на извршување на кривичното дело. СВР Скопје за случајот го известил и Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на град Скопје.