Притвор за осомничениот убиец од Радовиш

Дваесет и шест годишниот Џ.Д. од Радовиш заработи кривична пријава поради сомнение за сторено убиство.

Имено, истиот влегол во куќата во која сама живеела С.Ѓ. (68) од Радовиш, лоцирана на ул. „Мирче Ацев“ и употребувајки физичка сила ја лишил од живот и одземал пари и златни предмети.

На пријавениот му е одредена мерка притвор од 30 дена.