Притвор за педофилот што со нож нападна девојче

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот се гони за дело кое го сторил на 25 овој месец, кога околу 17 часот, откако го забележал детето, се скрил под балкон на станбен објект и го повлекол детето кон него. При тоа со нож неколку пати ја расекол по екстремитетите и нанел 20 до 30 гребнатини по стомакот, по што извршил полови дејствија. Детето успеало да се одбрани удирајќи го осомничениот и барајќи помош од другарите. Надлежниот јавен обвинител ценеше дека се исполнети законските основи за определување на мерката притвор за осомничениот и достави Предлог до Основниот суд Тетово. Судот го прифати предлогот на обвинителството, па со Решение му изрече мерка притвор на осомниченото лице во времетраење од 30 дена, велат од ОЈО.​

Според полицијата, 51 годишен жител на Тетово вчера пријавил дека околу 17 часот неговата десет годишна ќерка, во близина на зградата во која живееле била нападната од машко лице. Истото лице, според кажувањето на девојчето, и пред два дена ја нападнало во домот во кој незабележано влегол и ја допирало по телото.

По преземени мерки во Полициската станица Тетово, приведен и задржан е М.Б.(33) од Тетово, кој се сомничи дека го нападнал девојчето и од кого е одземен еден ловечки нож со футрола.