среда, 28 јуни 2017  |  Вести денес: 24

Притвор за пет лица осомничени во акцијата „Брана“ на МВР

Основниот суд Скопје 1 соопшти дека на петте лица опфатени со најновата полициска акција кои се осомничени за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

osnoven sud

Последни вести

Судија на претходна постапка од Одделението за организиран криминал и корупција постапувајќи по предлогот на ОЈО на организиран криминал и корупција за определување на мерката притвор против 5 лица опфатени во полициската акција „Брана“ и обвинети за делото „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, по сослушување на лицата во однос на предлогот донесе решение со кое го прифати предлогот и определи 30 дневен притвор против истите лица, се наведува во соопштението од Основниот суд Скопје 1.

Министерот за внатрешни работи Митко Чавков денеска информираше дека во полициската акција спроведена во Свети Николе, Штип, Битола и Скопје приведени се пет лица, по едно се трага, а едно веќе e во притвор.

Најчитани вести