Притвор за прилепчанец фатен со марихуана

Надворешната канцеларија за криминалитички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Г.С. (32) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотична дрога, психотропни супстанции, и прекурсори“.

Имено, на 13 март годинава во Прилеп, полицајци забележале дека Г.С. од возило „БМВ“ исфрла кеса со марихуана, по што се обидел да побегне, но бил приведен во полициската станица Прилеп.

Од извршеното вештачење било утврдено дека станува збор за 448 грама марихуана.

Од судија на претходна постапка од Основен суд Прилеп на пријавениот му била одредена мерка притвор во траење од 30 дена.