Притвор за разбојникот за филмскиот грабеж во златара на Бит пазар

Разбојник кој се обиде да ограби златара и го нападна сопственикот доби 30-дневен притвор.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи кривична пријавата и притвор заработи 47-годишниот Р.С. за сторено кривино дело разбојништво во обид.

Полицијата појасни дека пријавениот со уште едно, засега непознато лице во јули минатата година во утринските  часови  се обиделе да ја ограбат златарата “Љами“ .

Додека сопственикот се подготвувал да го отвори дуќанот и го редел накиот на излог бил нападнат од Р.С. и уште едно лице.

Тие    маскирани со плетени маски фантомки и со гумена палка во рацете влегле во просторот за вработени, а соработникот со пиштол во раката  на оштетениот му се обратиле барајќи да им ги даде парите.

Пријавениот со палката започнал да го удира оштетениот во пределот на главата и додека  оштетениот пружал отпор,  а неговиот партенер  со пиштол од непозната марка испукал неколку куршуми  кон  него погодувајќи го во пределот на десното рамо, левата надколеница и во долниот дел на стомакот.

Сторителите без да одземат нешто го напуштиле местото на настанот, а оштетениот е пренесен во болница при што од страна на стручно  медицинско лице констатирани се тешки телесни повреди.

 

Од полицијата соопштуваат дека  Р.С. е регистриран сторител на кривични дела од областа на имотните деликти на кого му се поднесени три кривични пријави и затворски казни.