Притвор за роднината педофил кој полово нападна oсумгодишно девојче

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово, до Основното јавно обвинителство во Велес, поднесе известување поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“, казниво по член 188 од Кривичниот законик на Република Македонија.

„На 05.02.2018 година во Полициската станица Валандово пријавено е дека лицето Ц.А (55) од селото Пирава извршило полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години. По насоки од Јавен обвинител, бил извршен разговор со детето жртва во присуство на родител и социјален работник. По наредба на јавен обвинител, Ц.А. е лишен од слобода и предаден во Основното јавно обвинителство Велес“, информираат од МВР.

По наредба на судија на претходна постапка, на пријавениот му е одреден притвор во траење од 30 дена.

Според исказите на детето и неговата мајка, осомничениот во текот на 2017 година во неколку наврати искористувајќи исти прилики извршил полови дејствија врз осумгодишното дете.

Осомничениот е сосед и во подалечна роднинска врска со оштетеното дете, соопштува ОЈО Велес.

Ценејќи дека се работи за особени околности што укажуваат дека осомничениот ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоци и може да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Велес поднесе предлог за определување на мерка притвор за осомничениот.​