недела, 28 мај 2017  |  Вести денес: 2

Притвор за скопјанка за улична продажба на дрога

132543439

Последни вести

Единица за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје, поднесе кривична пријава против В.А. (27) од Скопје, поради основи на сомневање дека неовластено набавила психотропна супстанца амфетамин и наркотична дрога, наменети за улична продажба на уживатели од Скопје. За стореното кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, судија на претходна постапка на В.А. и изрече мерка притвор во траење од 30 дена.

Како што информираат од МВР, пријавената, која и во 2014 година била кривично пријавена за недозволена трговија со амфетамин и хероин, во текот на минатата и оваа година, од засега непознати лица, набавила поголема количина на амфетамин и марихуана и ги препакувала за улична продажба на уживатели од Скопје.

– Единицата за недозволена трговија, по добиеното сознание дека пријавената препакуваната дрога почнала да ја продава на уживатели од Скопје, презеде мерки и активности за потврдување на сознанието и обезбедување на материјални докази. Откако од страна на полициски службеници е потврдено сознанието биле превземени мерки и активности, при што во временскиот период 2015 и 2016 година при извршени лични прегледи кај пет уживатели од Скопје, биле пронајдени и одземени вкупно пет полиетиленски паковски со амфетамин и една полиетиленска паковка со кокаин, соопшти МВР.

По извршените разговори со уживателите, се нагласува во соопштението, било утврдено дека сите, по претходен телефонски договор со пријавената, на различни локации во Скопје ги купиле паковките со дрога, кои им биле за лична употреба.

– Од страна на полициски службеници В.А. била забележана во централното градско подрачје во непосредна близина на нејзиниот дом и при личен преглед кај неа биле пронајдени и одземени 58,56 грама марихуана, спакувани за улична продажба, две полителенски паковки со амфетамин и една дигитална вага. Потоа била приведена и со неа бил извршен разговор, а по наредба од судија на претходна постапка, бил извршен претрес во нејзиниот дом каде биле пронајдени шест полиетиленски паковки со марихуана, три полиетиленски паковки со амфетамин и една дробилица за тутун, прецизира МВР.

Најчитани вести