Притвор за скопски бизнисмен: Го оштетил буџетот за над милион евра

Скопски бизнисмен и неговата сметководителка си „заработиле“ над милион евра со даночна измама.

Според информациите од финанскиката полиција, 39-годишниот С.Ѓ. сопственик на ДПТУ ЕКО САРА ДС ДООЕЛ од Скопје и неговата сметководителка 58-годишната Р.Р. направиле измама од 1.107.000 евра.

Двајцата во  периодот од 1. јануари 2008 година до 31. декември 2012 година, до Упрвата за јавни приходи  поднесувале даночни пријави со лажни информации, се со цел да оствари неоснован поврат на ДДВ и да не плати персонален данок на доход и данок на добивка.

Од УЈП  појаснуваат дека нечесниот бизнисмен потпомогнат од неговата овластена сметководителка, при набавка на секундарни суровини-отпад од физички лица, прикажувал влезно ДДВ, иако бил свесен дека е забрането. За да се стекне со поголема материјална корист, првопријавениот го фалсификувал и износот на излезното ДДВ. Со своите криминални активности го оштетиле државниот  за 1.107.000 евра.

На С.Ѓ. му била изречена мерка притвор од 30 дена, додека на неговата сметководителка и е одземена патната исправа, пуштена е да се брани од слобода со обврска за редвно пријавување во полициска станица.