Притвор за скопски џебџија: Крадел паричници од женски чанти

Притвор и кривична пријава заработи 45-годишен скопски џебџија. Крадел паричници од женски чанти. Oсомничениот е познат извршител на кривични дела, a од страна на СВР Скопје во периодот од 1985 до 2015 година  поднесени му се 31 кривична пријава.

Четириесет и пет годишниот С.К. се товари дека сторил две кривични дела, и тоа „Кражба“ и „Кражба во обид“, за што од страна на судија на претходна постапка  одредена му е мерка притвор во траење од 8 дена.

Имено, пријавениот на 04.09.2015 година, околу пладне, на подрачје на Центар, поточно во сутеренот во ГТЦ Скопје ја извршил кражбата во обид, на тој начин што додека оштетената со ескалатор се качувала од сутеренот кон приземјето во ГТЦ пријавениот и го откопчал  патентот и ја протнал раката во чантата која оштетената ја носела  на  рамо  и се  обидел да изврши кражба. Оштетената почуствувала дека некој и го отворил патентот од  чантата и веднаш реагирала фаќајќи го за рака пријавениот при што го спречила извршувањето на кривичното дело, соопштуваат од МВР.

Притвор за скопски џебџија: Крадел паричници од женски чанти
Притвор за скопски џебџија: Крадел паричници од женски чанти

Второто кривично дело го извршил пред два дена, околу пладне, на подрачје на Бит Пазар, поточно на автобуската постојка во непосредна близина на Универзитетот Св.Кирил и Методиј.

Уапсениот скопски џебџија ја искористил гужвата и невниманието на оштетената, ја протнал раката во нејзината чанта и успеал да одземе еден паричник и други лични документи.

Бидејќи за цело време пријавениот бил опсервиран од страна на полициски службеници од Отсекот за џепни кражби при СВР Скопје, истиот веднаш по извршувањето на кривичното дело е фатен и лишен од слобода, соопштуваат од МВР.

Во полициската станица на Бит Пазар од пријавениот со потврда е одземен паричникот со целата негова содржина, и истиот  вратен на оштетената.

Инаку, осомничениот е познат извршител на кривични дела од областа на имотните деликти, кривични дела против здравјето на луѓето и кривични дела против правниот сообраќај за што од страна на СВР Скопје во периодот од 1985 до 2015 година  поднесени му се 31 кривична пријава .

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.