Македонија,Крими хроника

Притвор за скопски тинејџер поради кражба

Единицата за општ криминал – Одделение за имотни деликти – Отсек за тешки кражби, до надлежното Основно Јавно обвинителство – Скопје со кривична пријава го предаде лицето С.М.(19) од Скопје осомничен дека извршил две кривични дела и тоа една „тешка кражба “ и „обид за тешка кражба“.

МВР денеска соопшти дека судија на претходна постапка на лицето му одредил мерка притвор во траење од 8 дена.

Пријавениот кривичните дела ги извршил на 10.09.2014 година во временскиот период од 11:00 до 13:00 часот на улиците „Михаил и Евтихиј“ и „Ѓорги Димитров“ на подрачје на Кисела Вода при што одзел поголема количина златен и сребрен накит, еден женски часовник и пари при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 120.000 денари.

Првото кривично дело „тешка кражба во обид“, се појаснува во соопштението, пријавениот го извршил на тој начин што откако незабележан дошол пред куќа на ул.„Ѓорѓи Димитров“ со прекачување на балконот од дневната соба и со употреба на штрафцигер и нож-бајонет за пушка насилно делувал помеѓу касата и крилото на балконска врата која успеал насилно да ја отвори, но бидејќи во тоа време бил виден од случаен минувач истиот се откажал од намерата и избегал од местото.

Второто кривично дело го извршил околу 13:00 часот на тој начин што истиот откако незабележан дошол пред куќа на улица „Михаил и Евтихиј“, влегол во дворот на куќата каде повторно со употреба на ножот-бајонет и штрафцигерот, насилно делувал помеѓу крилото и рамката на затворената влезна врата, која ја отворил и влегол во куќата, при што по извршено пребарување од спалната соба ги пронашол и украл парите и златниот накит. Непосредно по извршувењето на кривичното дело во куќата наишол сопственикот кој го забележал пријавениот како излегува од куќата и ја скока оградата која го дели со соседната куќа со намера да избега, истиот успеал да го фати пријавениот и да го предаде на Полициски службеници од ПС-ОН „Кисела Вода“ за понатамошна постапка .

Од извршениот прегледот кај пријавениот се пронајдени украдените пари и златниот накит и истите со потврда за привремено одземени предмети му се одземени и вратени на сопственикот. Во просториите на ПС-ОН „Кисела Вода“ извршен е информативен разговор со пријавениот кој во целост го призна и појасни кривичното дело.

Пријавениот во евиденцијата на Министерството за внатрешни работи минува за сторени кривични дела од областа на имотните деликти „тешки кражби“.