Македонија,Крими хроника

Притвор за тројца осомничени во „Арсенал“

Притвор за тројца осомничени во „Арсенал“

По завршување на распитот пред судија во претходна постапка Кривичниот суд во Скопје за три лица кои се приведени во акцијата „Арсенал“  одреди мерка притвор во траење од 30 дена, додека за останатите определи мерки за претпазливост, стои во соопштението на Судот.

Спроведените 8 лица се осомничени за кривичните дела злоупотреба на службена положба и овластување, перење пари и други приноси. По предлогот на Основното јавно обвинителство, судија на претходна постапка одлучи да им одреди мерки за обезбедување и тоа:

На Б.Б., В.Ѓ. и В.Б.Ѓ за кривичното дело перење пари и други приноси одредена им е мерка 30-дневен притвор.

За Н.М., Ж.П., Д.Н., Ј.Ѓ. и В.Ѓ. осомничени за кривичните дела злоупотреба на службена положба и овластување и перење пари и други приноси, Судот одреди мерки за претпазливост, односно обврска на обвинетите да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган и привремено одземање патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање.

Лицата се осомничени дека во периодот од 2004 до 2009 година го оштетиле Министерството за одбрана за 2,7 милиони долари преку преплатување на цената за сервисирање на шест армиски хеликоптери.