Притвор за улични скопски дилери

Млади скопјани кои продавале марихуана и амфетимин  заработија 30-дневен притвор.

Од Министерството за внатрешни работи соопшти дека 22-годишниот Д.С. и две години постариот Д.Т. заработија 30-дневен притвор за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

Според  инфомациите од полицијата  пријавените во текот на февруари оваа година, од засега две непознати лица, купиле одредена количина марихуна и амфетамин., кои ги препакувале за улична продажба и истите ги чувале во своите домови.

По предходни сознанија, скопската полиција  извршила претреси во домовите на пријавените при што кај Д.С. се пронајдени и одземени 9,2 грама амфетамин и 341,17 грама марихуана, додека кај  Д.Т. се пронајдени 595 грама марихуана.

Од полиција велат дека двајцата дилери имаат богато криминално досие, Д.Т. за сторени 20 кривични дела му се поднесени 15 кривични пријави, а  од надлежен Суд му се изречени две мерки засилен надзор и една условна осуда, додека на Д.С. со сторени осум кривични дела му се поднесени седум кривични пријави, а од надлежен Суд му се изречени три мерки засилен надзор.

 

Судија на претходна постапка на пријавените им одреди мерка притвор во траење од 30 денови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.