Притворен делчевецот кој ја злоставувал ќеркичката на соседите

Основното јавно обвинителство Кочани отвори истражна постапка против делчевецот, кој сексуално злоставувал девојче, ќерка на неговите соседи, информираат од ОЈО.

-Постапувајќи по кривичната пријава од МВР, надлежниот обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице поради постоење на основи на сомневање за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години”. Осомничениот на возраст од 46 години, во петокот околу 20 часот дошол во посета на своите соседи, во време кога родителите не биле присутни во домот. Искористувајќи го претходното познанство и соседски однос со семејството, како и момент кога девојчето останало само со него во просторијата, осомничениот со намера да ги задоволи своите полови страсти, извршил полово дејствие над оштетеното девојче заканувајќи ѝ се да не кажува за настанот- велат од ОЈО.

Надлежниот обвинител до Судијата на претходна постапка при Основен суд Кочани поднесе предлог за определување на мерка притвор против осомничениот​, имајќи ја предвид тежината на стореното кривично дело за кое е пропишана казна затвор од најмалку 12 години.

– Воедно надлежниот јавен обвинител оцени дека постојат околности што укажуваат на опасност од бегство на осомниченото лице, како и особени околности што укажуваат дека осомничениот со влијание врз сведоците и вештаците ќе ја попречува кривичната постапка. Судијата го прифати предлогот и донесе Решение за определување на мерката притвор во траење од 30 дена- стои во соопштението на ОЈО.

Случајот во полицијата ​завчера го пријавила мајката на девојчето. Таа со сопругот не биле дома, кога на гости им дошол педофилот. Девојчето со братот, двајцата на возраст од 12 и 14 години биле со својот дедо. Братчето и кажало на мајка си дека сестра му се пожалила оти соседот ја допирал по телото кога останале сами во дневната соба, а тој и кажал да не каќува никому.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.