Притворен деверот на Јелена: Лажел каде бил за време на убиството

Со следење на мобилните телефони на осомничените, полицијата откри дека деверот на Јелена лажел за поврзаноста со убиството.

Милош Марјановиќ кој и е девер на покојната Јелена Крсмановиќ Марјановиќ, ја излажал полицијата дека за време на грозоморното убиство кое го потресе регионот бил дома.

Инспекторите со помош на следење на мобилните откриле дека Марјановиќ ја излажал полицијата. Тој во полиција поминал три часа. Целото време бил многу нервозен, па почнал и да им дели лекции на полицајците.

Инаку, тој на полицијата претходно и рекол дека за време на убиството бил дома и спиел, но се покажало дека тој не бил дома.

Истрагата полека се ближи до крајот. Полицијата веќе три месеци трага по сторителот на грозоморното убиство на Јелена.