Притворен директорот на романската медиумска агенција „Медиафакс“

Одделот за борба против корупцијата во Романија денеска го сослуша, а потоа и го задржа во 24-часовен притвор Адријан Сарбу, директорот на медиумската агенција „Медиафакс“ поради даночно затајување и перење пари, пишува МИА.

 „Медиафакс“ е водечка приватна новинарска агенција во Романија, а Сарба е осомничен за малверзации во вкупна вредност од три милиони евра.
Сарба изјави дека станува збор за „наместен и смешен“ случај и дека тоа е последица на неговото неподржување на премиерот Виктор Понта на ноемвриските претседателски избори во земјата. Тој, исто така, ги обвини сојузниците на Понта дека сакаат да ја преземат „Медиафакс“.
Изминатите неколку месеци десетина службеници на агенцијата се осомничени за исти кривични дела како и Сарба.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.