Притворен кавадарчанец осомничен за тешки кражби

СВР Скопје со кривична пријава го приведе О.А. (21) од Кавадарци поради основано сомнение дека извршил девет тешки кражби и осум тешки кражби во обид.

На О.А., кој кривичните дела ги извршил од 27 август до 27 декември минатата година на подрачјето на општина Аеродром при што стекнал противправна имотна корист од околу 46.000 денари, му е изречена мерка притвор од осум дена.

О.А. е познат сторител на кривични дела од областа на имотните деликти за што СВР Скопје од 2009 до 2015 година му има поднесено 41 кривична пријава, во Гостивар добил 10 кривични, а во Струга и Охрид уште по една пријава.