Притворeн охриѓанец за обид за убиство на роднина

Охриѓанец заработи кривична пријава за делото убиство во обид, за инцидент кој се случи во саботата кога според пријавата со нож го нападнал и ранил својот повозрасен роднина.

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против 55-годишниот Х.А. од Охрид поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „убиство во обид“.

Имено на 13-ти јануари во Охрид, додека 61-ггодишниот Х.У. кога се движел по улицата „Даме Груев“ бил пресретнат од пријавениот, инаку негов роднина, кој поради нерасчистени семејни недоразбирања, го нападнал со нож нанесувајќи му убодни рани, информираат од полицијата.

Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одреден мерка притвор во траење од 30 дена.