Притворен пријател на напаѓачот во Франција

Пријател на мароканскиот доселеник Раудан Лакдим, извршител на смртоносните напади извршени во петокот во јужна Франција, е притворен во текот на изминатата ноќ поради криминално здружување на терористички злосторници, соопштија во саботата извори блиски на истрагата.

Станува збор за малолетно лице родено 2000 година, истакнал соговорникот на агенцијата AFP. Во петокот вечерта првото лице на Радуан Лакдим „која го делела животот со него“, веќе беше сместено во притвор, изјави парискиот државен обвинител Франсоа Молен, задолжен за терористичките предмети.

Истрагата во моментов настојува да ги одреди причините за дејствување на напаѓачот и да пронајде евентуални соучесници. Лакдим, кој имал француско државјанство, усмрти четири лица, а потешко рани едно.

Неговиот смртоносен поход започнал во петокот претпладнето во Каркасон, каде што украл автомобил, убивајќи го возачот и ранувајќи го совозачот, а потоа од возилото во движење пукал врз група припадници на специјалните сили кои не биле вооружени и се рекреирале ранувајќи притоа двајца од нив, а потоа зема заложници во супермаркет во соседната општина Требе. Пред да биде ликвидиран од полицијата, се претставил како „војник“ на џихадистичката Исламска држава, којашто набрзо ја презема одговорноста за нападот.

Бројот на лица убиени во серијата џихадистички напади којашто ја заплисна Франција така со петочниот напад се зголеми на 245 жртви од почетокот на 2015 година.