Македонија

Притворена дадилката-монструм, се бранела дека не е виновна (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Притворена дадилката-монструм, се бранела дека не е виновна  (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)
Притворена дадилката монструм, се бранела дека не е виновна

Дадилката од видеото кое ја разбесни Македонија во истражната постапка тврдела дека не е виновна. Иако малтретирањето на 9 месечното бебе Даријан беше снимено со камера таа пред истражните органи ја негирала вината.

Засега сеуште нема информации каква била нејзината одбрана, но она што се знае е дека таа не била доволна судијата на претходна постапка да не и одреди мерка притвор.
Против дадилката е поднесена и кривична пријава.

Таа се сомничи дека физички го малтретирала 9 месечното бебе.

Пријавената во периодот од мај до 1 септември 2015 година во Скопје, додека била ангажирана како негователка задолжена за грижа за животот, здравјето и негувањето на 9-месечно дете го малтретирала и грубо се однесувала од што истото пројавило проблеми со врискање во ноќните часови, невеселост и нервоза.

На 20 август, таткото на 9 месечното дете ненајавено влегол во домот и ја забележал Т.С.како со рака по лицето го удира, но истиот не изреагирал, сметајќи дека можеби се работи за негов превид. Наредните денови поставил видео камера во својот дом со цел да го заштити своето дете и да утврди како за него се грижи пријавената, при што на 2 септември ја извадил видео снимката и забележал како го малтретира и тепа детето, грубо се однесува кон него, со викање, навредување, штипење за рацете, грубо тресење во релаксаторот и во раце, тегнење на ушите и други облици на грубо однесување. Кај детето биле воочени проблеми со врискање во ноќните часови, невеселост и нервоза.

 

Тетката на малиот Даријан која ги објави видеата, напиша:

Пријатели…

Со голема болка и уште поголем гнев го постирам ова видео… Сакам сите да видите што држи земјава….

Тоа кутро малечко бебе за кое се зборуваше во вестите, а ќе го видите во видеово е мојот внук Даријан…

Оваа жена -монструм “се грижеше” за Даријан 5 месеци, а ова видео е од само еден ден… Камерата ја постави брат ми, со сомневање дека нешто се случува откако на Даријан му пронаоѓавме модрици по телото и главата!

Не ме прашувајте низ каков шок и траума поминавме кога ја пуштивме камерата…

На ова никој нема да остане рамнодушен!

Овој монструм од жена е таму каде што припаѓа и се чека голема затворска казна!!!

Фала му на Бога Даријан е добар…

Помина премногу испитувања и има траума која се надевам нема да му остане во сеќавање…

Фала на Бога исто така што останавме присебни и не ја земавме работата во свои раце како што би направил секој, туку верувавме во државните органи.

Ова е монструмски чин и срам што сме го гледале по you tube, но еве го споделувам за да знаете сите дека го има и кај нас! Не му посакувам на никој вакво нешто да искуси!

Чувајте ги и сакајте си ги вашите дечиња… И за да не се повтори ова внимавајте на кого ги доверувате вашите деца!