Притворени 30 заробени терористи од Куманово

Во Основниот суд Скопје 1 – Скопје, во текот на вчерашниот ден, во неколку одвоени групи биле спроведени вкупно 30 лица осомничени за повеќе кривични дела, со предлог на Основното Јавно обвинителство за организиран криминал и корупција за определување мерка притвор.

Станува збор за 18 лица, државјани на Косово, две лица државјани на Р.Македонија со привремен престој во Косово, 9 лица државјани на Р.Македонија и едно лице албабски државјанин со престој во Германија. Повеќето од нив се произнеле дека во Р.Македонија се влезени на илегален пат.

Сите 30 лица се со предлог за определување мерка притвор од ОЈО за организиран криминал и корупција и тоа

Дваесет и три лица заради основано сомнение дека ги сториле кривични дела:

Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од КЗ

Здружување заради непријателска дејност од член 324 ст.2 од КЗ и

Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 ст.2 в.в со ст.1

Останатите 7 лица заради основано сомнение за кривичните дела:

Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од КЗ и

Здружување заради непријателска дејност од член 324 од КЗ.

По спроведување на осмничените лица во Основниот суд Скопје 1 – Скопје поеднично за секое лице во присуство на адвокат и овластен преведувач кој беше повикан по нивно барање, судија на претходна постапка ги разгледа доказите и фактите приложени од ОЈО за организиран криминал и корупција и оцени дека се исполнети условите за определување на мерка притвор и на сите 30 осомничени им определни мерка притвор во траење од 30 дена.

Интегрален текст од соопштението за јавност на Основниот суд Скопје 1