Притворени Французи за планирање напади врз муслимански цели

Француски суд во саботата обвини осум националисти од организацијата Аксион Франсез кои планирале теорристички напади против џамии, политичари и муслиманската заедница во Франција.

Седум од членовите на групата, кои се на возраст од 17 до 29 години, биле задржани во притвор. Апсењата беа извршени во вторникот, како резултат на истрага насочена против еден член на групата кој бил уапсен во јуни.

Основана како антисемитистичко движење, ова движење соработувало со нацистите во Втората светска војна.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.