Притвореник во Основен суд Скопје-1 избегал од канцеларија на судија

МВР денеска соопшти дека тој бил приведен и во 10 часот со писмена наредба бил предаден на судијата за итен притвор. Откако судијата ја потпишал наредбата и полициските службеници излегле надвор пред канцеларијата, А.Б искористил можност и избегал, односно скокнал преку отворениот прозор од канцеларијата.

Инаку, А.Б. секој понеделник се јавувал во судот во врска со случај за „криумчарење  мигранти“.