„Private leaked xxx video“ : Не отварајте – нов вирус на Фејсбук

На најпопуларната социјална мрежа Фејсбук се шири нов вирус во вид на линк со наслов Private leaked xxx video“, а доколку го отворите линкот, тој ќе се објави и на ѕидот на дел од вашите пријатели.

Во линкот ќе се појави и порака која ве повикува да ја погледнете порнографската снимка, а опасноста од вирусот постои само ако ја отворите конкретната содржина.

Оние најљубопитните по кликот на линкот ќе бидат пренасочени кон канал сличен на оној на YouTube кој ќе побара инсталирање на Flash player. Вирусот ја користи ситуацијата со неодамнешното протекување на видеа и фотографии од познати личности за да привлече внимание.

Повеќе од 2 милиони корисници веќе го пријавија несаканиот ефект на вирусот, а претпоставките се дека се работи за вирус Тројанец.