Приватизирани 3.700 градежни земјишта во Малешевијата

Во подрачната единица на Управата за имотно правни односи за општините Берово и Пехчево, до сега се поднесени 4.262 барања за приватизација на градежно земјиште, пренесува МИА.

Од подрачните единици од Струмица и Карпош (Скопје) се преземени уште 1.722 предмети, со што вкупниот број на барања за приватизација на градежно земјиште по кои постапувала подрачната единица во Берово, достигнал 5.984 предмети.

Според податоците изнесени во рамките на „Отворени денови за граѓаните“ повеќе од половината, или 3.700 барања за приватизација на градежно земјиште во Малешевијата, општинските атари на двете општини Берово и Пехчево, се правосилно решени, а во процедура за решавање се уште 2.284 предмети.

– За да ја зголемиме динамиката и ефикасноста за решавање на предметите „Отворените денови за граѓаните„ ги користиме поконкретно да ги запознаеме подносителите со какви документи треба да ги поткрепат барањата за приватизација, за да може да се забрза нивното процесуирање, истакна Зоран Крстаноски, директор на Управата за имотно-правни работи на Македонија, при неговата посета на подрачната единица во Берово.