Приведен актерот Владо Јовановски

Полицијата утринава го привела познатиот македонски актер, Владо Јовановски, кој според неофицијални информации е приведен за немирите во македонското собрание на 27 април, годинава, објавува порталот „Република“.

Покрај актерот Јовановски, уапсени се и пратеничката Жаклина Стефановска, пратеникот Крсто Муковски, пратеникот Љубен Арнаудов од Охрид, како и Горан Ангелов – Ќосето од Велес. Исто така, рано утринава уапсен беше и поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност во МВР Митко Чавков, по отворена истрага за насилствата од 27 април во Собранието, каде од пониските структури од МВР беше посочен дека 2 часа не давал наредба за дејствување на полицијата, со што го довел во опасност животот на пратениците од СДСМ и на други пратеници и новинари.

Приведувањата биле извршени по налог на јавен обвинител.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.