Приведен е скопски бизнисмен по налог на СЈО

Лице со иницијали Љ.П. вечерва е приведено со полициска наредба по барање на СЈО како дел од предистражна постапка која се однесува на објавување на прислушувани разговори на социјалните мрежи, објави Нова ТВ.

Медиумите шпекулираат дека станува збор за Љупчо Палевски, бизнисмен од Скопје, кој пак се поврзува со објавени разговори помеѓу јавни личности кои завршија на каналот „Јутјуб“ на акаунт со име „Тесла“.

Снимките се појавуваа на социјалните мрежи и тоа прво на профилот на приведениот Љ.П.

Дел од истагата е и утврдување на мотивите за користење на овие снимки, но и начинот на кои овие сензитивни материјали дошле до ова лице.

Палевски е поранешен претседател на скопскиот огранок на СДСМ, во периодот до 2000-та година.